Согласно со одредбите на членовите 9 и 16 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година), Друштвото за трговија и услуги СТЕНСО-МАК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ја донесе следната:

Политика за приватност на личните податоци на интернет страницaта на СТЕНСО-МАК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
www.stenso-mak.com

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ ги обработува податоците на корисниците при посета на интернет страницата „www.stenso-mak.com“.

Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата.

Доколку имате прашања можете да не контактирате на следната мејл адреса: online@stenso-mak.com, како и на контакт телефон: +389 (0)2/2775 959 или можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци: Маја Трајкоска, контакт телефон: +389 (0)2/2775 959, или на следната е-маил адреса maja.t@stenso-mak.com.


Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на интернет страницата www.stenso-mak.com (понатаму: „интернет страница”).

Оваа Политика на приватност не се однесува на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

Собирање на лични податоци од корисник

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Лични податоци се податоци кои го идентификуваат крајниот корисник. Кога ќе се вклучите во некоја активност на интернет страница, како на пример креирање на профил и/или порачување производ може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.

При посета на интернет страницата, СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:


податоци за контакт и за плаќањеи основни кориснички информации вклучително име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација;
вашите маркетиншки преференциивклучително и интереси / назначувања на маркетиншки листи, евиденција за дозволи или маркетиншки забелешки, податоци за интернет-страници;

Собраните лични податоци при користење на поединечната електронска услуга не се чуваат на интернет страната.

Кога ќе нарачате производ податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на УниБанка АД Скопје. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Податоци кои се собираат автоматски

Со секој поединечен пристап на нашата интернет страницата, се врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страницата, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

На интернет страната се собираат и податоци со помош на колаче (cookie) кои се запишуваат на Вашиот компјутер. Целите и начинот на користењето на колачето е согласно условите во Политиката за Користење на колачиња.

Начин на собирање на личните податоци

Начинот на собирање на личните податоци се одвива со директно доставување на податоците дадени од страна на корисникот на СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ, при посета на продажните места на СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ, односно со електронско внесување на личните податоци во рамки на корисничкиот профил при изготвувањето на online нарачки достапни на интернет страницата www.stenso-mak.com.

При online продажба, СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички на банката, преку сигурносна врска.

Регистрација

Преку интернет страницата www.stenso-mak.com можат да се купат производи кои се прикажани во online продавницата.

За да Ви биде овозможено купување на интернет страницата мора да бидете регистриран корисник. Постапката за регистрација е многу едноставна и потребно е да ги внесете само вашиот емаил и лозинка.

Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол од интернет страницата да кликнете на “Најава / Регистрација”, каде што ќе се отвори прозорец во кој имате можност да се најавите (доколку веќе сте регистрирани) или можете да кликнете на “Креирај профил” што ќе ве пренасочи на страница каде што треба да внесете Е-маил адреса и лозинка (во десната форма) за да се регистрирате. Откако ќе ги внесете податоците кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашата е-пошта ќе пристигне линк кој е потребно да го отворите, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ  ги обработува Вашите лични податоци за:

овозможување на onlineкористење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка;
администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг);
за реализација на onlineнарачките достапни на интернет страницата stenso-mak.com (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли и цената на услугата).

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на Вашите лични податоци СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат преку електронска порака

Лични податоци кои ги прибираме се и оние кои Вие доброволно ги доставувате во случај на испраќање на електронска порака директно на нашата е-маил адреса оставена како контакт на интернет страницата.

Со испраќање на ваква електронска порака до нашите електронски адреси прибираме податок за Вашата:

е-маил адреса;
дополнително и други информации кои Вие доброволно сте ги споделиле со нас како содржина на електронската порака.

Ве замолуваме да не споделувате посебни категории на лични податоци, како лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација.

Директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетиншки соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојните настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, Viber, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за вас, врз основа на податоците што ги имаме за вас.

Вие имате право во секое време да прекинете да примате директен маркетинг. Тоа може да го направите следејќи ги линковите за исклучување на определена опција во електронските комуникации (како што се пораки преку е-пошта) или така што ќе контактирате со нас како што е наведено во дел 6. Исто така, Вашите лични податоци ги користиме за усогласување или за персонализирање на реклами, за понуди и содржини што Ви се ставаат на располагање врз основа на вашето користење на нашите мобилни апликации, интернет-страници, платформи или услуги и за анализа на перформансите на тие реклами, понуди и содржини, како и на вашата интеракција со нив.

Правата на корисниците во однос на обработката на нивните лични податоци

Личните податоци коишто ги собира и обработува СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ се дадени единствено за цели на директен маркетинг, за реализација на online нарачките, како и за останатите потреби, како што е наведено погоре. Во таа насока, секој корисник како субјект на лични податоци, согласно Законот за заштита на личните податоци, ги има следниве права:

да се информира од СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат според нивната цел;
да побара од СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ да ги дополни, измени и/или ажурира ако неговите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, при што СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
да побара од СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување на личните податоци коишто ќе се чуваат;
да побара од СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ да ги избрише неговите/нејзините лични податоци, при што СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
да поднесе барање до СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ со кое што ќе ја повлече согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
да поднесе приговор до СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ за начинот на обработката на лични податоци дадени за цели на директен маркетинг при што СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ ќе ја запре натамошната обработка на личните податоци за таа цел; и
да се одјави/откаже од добивање на известувања/нотификации од СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ на својот кориснички профил или на било која друга социјална мрежа односно да се одјави/откаже од добивање на известувања/нотификации за маркетинг, промоции и/или за акции на својот кориснички профил при изготвувањето на onlineнарачките, достапни на интернет страницата www.stenso-mak.com.

За остварување на овие права, може да не контактирате на следната мејл адреса: online@stenso-mak.com, како и на контакт телефон: +389 22 77 59 59.

Промена на политиката на приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страница, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страница, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата www.stenso-mak.com, се согласувате со условите од Политиката за приватност на СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ. Доколку не се согласувате, Ве молиме не ја користете интернет страницата на СТЕНСО-МАК ДООЕЛ СКОПЈЕ.