Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е носен.

Ве молиме да не контактирате на телефонските броеви 02 277 59 59 или да ни испратите е-маил на online@stenso-mak.com со цел да се процесира вашето барање за откажување или враќање на производ.

Повратот на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн и не е можно физички да се врати производот во продавниците.

По приемот на барањето за рекламација, агентите од корисничка поддршка на Стенсо-Мак ја  известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од вашата адреса и да го врати во продавница. 

Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите поврат во малопродажните објекти на нарачаниот производ.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на  02 277 59 59 Понеделник – Петок 09-17ч или испратете емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на online@stenso-mak.com заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.


РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД
Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. 


ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот (во износ од 150 ден), исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ. 


РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, Стенсо-Мак има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 15 работни дена.


НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за откажување поврат на производи.