РЕКЛАМАЦИОНЕН ЛИСТ
Производот кој што е нарачан онлајн и е примен од курирската служба, потребно е истиот да го проверите веднаш по приемот и доколку има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања, пријавете до контакт центарот на Стенсо-Мак на е-маил online@stenso-mak.com.
Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:
– Број на нарачка
– Код на производ и големина што сакате да ја рекламирате
– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ
Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација и фактура. Исто така, нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен или перен.
По приемот на барањето за рекламација, агентите од корисничка поддршка на Стенсо-Мак ја известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од вашата адреса и да го врати во продавница.
Откако производот ќе биде вратен во продавница, ќе се утврди дали производот е оштетен, а потоа се испраќа соодветна замена или се рефундираат платените средства. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена рекламацијата и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите рекламација во малопродажните објекти на нарачаниот производ.
Целокупната процедура за замена на производ може да трае и до 15 работни дена.
РОК ЗА РЕКЛАМАЦИЈА
Процедурата за рекламација на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Во случај производот кој што сте го добиле да е погрешен или оштетен, трошоците за превземање и враќање на производот во продавница ги превзема Стенсо-Мак.
РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Доколку се одлучите место замена на производот, да се реализира поврат на средства, Стенсо-Мак има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 15 работни дена.
НАПОМЕНА:
Со потврдување на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, се согласувате со условите на рекламација.